wordpress counter

Вовед во дегустација на виното (4 дел)

Во последниот дел од овој серијал, ќе ве запознаеме со уште неколку мошне важни совети при дегустацијата. И секако, на што поконкретно да обратите внимание при оценувањето на некое вино.

Вкус
Кога станува збор за бело вино, размислете дали виното е остро или кисело и дали е слатко. На тој начин, полесно ќе утврдите дали тие два вкуса се во рамнотежа. Кај црното вино, акцент ставете на танините, состојки од кои ни се стега устата. Утврдете дали се премногу изразени, или покрај нив можете да ги почувствувате и другите вкусови.

Обрнете внимание и на долготрајноста на вкусот откако ќе ја проголтате голтката. Размислете дали овој ретровкус е пријатен. Дали трае кратко или повеќе од половина минута. Ако трае долго, мошне веројатно е дека во вашата чаша имате одлично вино.

Боја на виното
На неа се гледа како на последна алка во оценувањето на виното. Сосредоточете се на нијансата, интензитетот и бистрината на бојата. Тоа се показатели на староста, начинот на созревање, ферментацијата и квалитетот на виното.

Виното кое е во добра состојба е бистро. Белите вина со текот на годините темнеат, додека црвените бледеат.

Мирисот, вкусот и бојата мора да се согласуваат, за да можеме да кажеме дека виното е добро. Многу грешки во винската индустрија се последица на одлуката да се посвети внимание на еден или два од овие фактори, наместо на сите. Резултат е вино со лош квалитет.

Related Posts with Thumbnails