wordpress counter

Задача: Споредба на „Гинис“ пивото низ светот

Британците и ирците сѐ повеќе паѓаат на скалата на љубители на пивото. Според истражувањата, причината е што денешните британци и ирци многу повеќе седат дома отколку нивните претходници, кои поголем дел од слободното време го поминувале во пабовите.

И покрај тоа, темата на денешното испитување е најпознатото темно пиво на светот – „Гинис“. Негова татковина е Ирска. Со оглед дека веќе подолго време постојат шпекулации дека „Гинис“ во Ирска е поквалитетно и попитко отколку во другите земји, на група научници им се падна „тешка“ задача.

Имено, луѓето мораа да пропатуваат низ 14 земји и да посетат дури 71 место каде се точи ова пиво. По детална анализа на изгледот, вкусот и многуте дегустации, излезе дека шпекулациите се точни.

Сепак, за да не се разбереме погрешно, треба да напоменеме дека „Гинис“ е секаде квалитетен, но најдобар е во Ирска, што и не зачудува. Како и да земеме, домашните најдобро си ја знаат работата. Затоа, ако се најдете во Ирска, наш совет е најнапред едно „Гинис“, па сѐ друго.

Related Posts with Thumbnails