Пилешко Мексиканско Тавче

144

Дали можеби сте расположени за мексиканска вечер со мексиканска храна приготвена дома? Ако да, тогаш ова мексиканско пилешко тавче по рецептот на healthy.kitchen.tales ќе биде идеално мезе кое ќе го донесе духот на Мексико во вашиот дом. Погледнете кои состојки ви се потребни за вистинско уживање.

Пилешко Мексиканско Тавче

Порции 4 луѓе
Подготовка 20 мин
Готвење 45 мин
Вкупно Време 1 саат 5 мин

Состојки

  • 500 гр. пилешки гради
  • 1 црвена пиперка (бабура)
  • 2 лаж. маслиново масло
  • 1 кромид
  • 2 лаж. сол
  • 2 лаж. црн бибер
  • 2 лаж. чили во прав
  • 2 лаж. куркума
  • 2 лаж. оригано
  • 100 мл. кисела павлака
  • 150 мл. салса
  • 50 мл. солена хопла
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 лаж. целер
  • 65 гр. тортиља од хељда

Инструкции

  • На загреана тава ставете масло и пропржете го исечканиот кромид и пиперка.
  • Исечкајте ги пилешките гради во мали ленти, додадете ги во тавата и гответе се додека не биде добро испечено и ровко месото.
  • Откако ќе завршите со подготовка на месото, додатете ја киселата павлака , салсата и зачините и мешајте се додека не се изедначи смесата.
  • Тргнете ја тавата од оган, посипете хопла на површината и изрендајте го кашкавалот одозгора, потоа ставете го во претходно загреана рерна и печете го околу 15 минути на 180°С.
  • Исечете ја тортиљата на триаголници и распоредете ги подеднакво на хартијата за печење во тава и печете во рерна неколку минути, потоа наредете ги по површината и послужете.
Оброк: главно јадење
Кујна: Mexican
Keyword: pilesko, пилешко

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close