Пилешко на Кинески Начин

1K

Ви го претставуваме омиленото јадење на нашата драга ljupka_trajcevska –пилешко на кинески начин. Доколку и вие сте љубител на кинеска храна, топло ви го препорачуваме овој рецепт и бидете сигурни дека нема да згрешите. А, веќе следниот пат, со сигурност ќе направите дупла доза.

Пилешко на Кинески Начин

Подготовка 30 мин
Готвење 15 мин
Вкупно Време 45 мин

Состојки

  • 500гр. пилешки стек
  • 280гр. свежи шампињони
  • 1  блага пиперка
  • 2 моркови
  • 3 млади кромидчиња
  • 3  чешниња лук
  • 120гр. зелка
  • 50гр. свеж спанаќ
  • 2 супени лажици кафен шеќер
  • ½ чили пиперче
  • сусам (количина по желба)
  • маслиново масло
  • соја сос
  • ворчестер сос
  • крем со балзамиран оцет

Инструкции

  • Пилешкиот стек го сецкате на долги парчиња со дебелина колку еден прст. Ги ставате во сад и додавате по 2 лажици од соја сос, ворчестер сос и крем со балзамиран оцет. Промешувате и ги покривате со најлонска фолија. Оставате во фрижидер 15-20 мин. да се маринираат. Во меѓувреме почнете со сецкање на зеленчукот.
  • Пиперката, морковот и зелката ги сецкате на долгнавести тенки лентички. Лукот и кромидот и чили пиперчето ги сецкате на кругчиња. Печурките ги сецкате на лентички, додека спанаќот можете ама и не мора да се исецка зошто ќе се стопи при пржење.
  • Во вок тава со малку маслиново се става пилешкото да се пропржи и отприлика после 10 минути се става сусам и кафен шеќер. Штом се искарамелизира пилешкото се трга на страна во друг сад. Во истата вок тава (не ја миете) ги ставате печурките да се издинстат во водата што ќе си ја пуштат. Откако ќе испари водата ставате малку маслиново за да се пропржат. Откако ќе бидат готови и тие ги вадите и ги ставате во садот со пилешкото. Целиот исецкан зеленчук го ставате во вок тавата, ако е потребно додавате малку маслиново и оставате да се пропржи додека не омекне. При крајот додадете по една супена лажица од сосовите, го додавате пилешкото и печурките. Мешате да се соединат сите состојки, ставате малку магданос и пилешкото е спремно за сервирање. Вака подготвеното пилешко може да го комбинирате со варен ориз или шпагети.
Оброк: главно јадење
Keyword: пилешко

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close