Ако и вие сте скептик за како би изгледале посни мафини, верувајте ни дека овој рецепт на radishas_kitchen_diaries, ќе ги надмине вашите очекувања. Младиот кромид навистина им дава незаменлив шмек. Направете ги и бидете сигурни дека ќе имате неверојатно вкусен и здрав оброк. Погледнете ги состојките кои ви се потребни.

Посни Мафини Со Спанаќ и Младо Кромитче
Состојки
- 2 чаши пченично брашно (200гр)
- 2 чаши пченкарно брашно
- 1 ½ чаша кисела вода
- 1 прашок за пециво
- ½ чаша масло
- 300/400гр спанаќ
- 3 млади кромитчиња
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка сончоглед
- 1 лажичка ленено семе
Инструкции
- Измешајте ја киселата вода и маслото па додајте прашок за пециво и брашното, мешајте со жица додека не добиете мазна смеса. На крај додадете ги семките, додадете сол, исецканиот спанаќ и кромитче и измешајте сè добро за да се комбинираат состојките. Во калапот за мафини ставете хартиени корпи. Наполнете ги корпите со смесата, но не до крај, бидејќи тестото ќе се крене малку повеќе за време на печењето. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути, или додека не поруменат.