Предлог појадок за овој Вторник

620
Појадок

На денешното мени за појадок имаме уште еден вид на здраво и многу вкусно смуди. Овој пат избравме да биде со банана, киви и блитва.

Состојки:
– 2 банани
– 4 киви
– 1 шака блитва (можете и со спанаќ, во зависност од тоа што имате дома во моментот)
– 4 лажици овесни снегулки
– 1 мала лажица чиа семе
– 1 голем филџан јогурт (млеко, кефир или вода)

Инструкции:

Навистина е прелесен за подготовка. Ги ставате сите состојки во блендер. Блендирате 2-3 минути и voilà, имате перфектен појадок за помалку од 5 минути. Може да го сервирате во длабока чинија, или во чаша. Доколку немате време да појадувате дома слободно ставете го во термос и земете го со вас. Уживајте во оваа совршена комбинација за здрав појадок!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close