Протеинска Салата

8.4K

Протеинската салата е идеален оброк во било кое време од денот доколку сакате да се хранeте здраво а да не се прејадете.  Нашата драга @cookingwithviki, оваа салата најчесто ја подготвува за ручек кога има ден полн со обврски и нема многу време за во кујна. Прелесна и пребрза за правење, а сепак дава премногу енергија и ситост. Погледнете кои се’ состојки ви се потребни за нејзина подготвка:

Состојки:
Марула, тиквица, суво грозје, сирење, ореви или бадеми, маслиново масло, химелајска сол, лимонов сок.

Количината одредете ја сами. Марулата ситно ја сецкате, па го додавате сувото грозје, сецканите ореви, тиквиците исечени на крукчиња (претходно пропржени на грил тава), и сирењето сецкано на мали коцкички. Зачинувате и уживате во преубавиот протеински оброк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close