wordpress counter

Брокула во сос од четри видови сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 4,64 од 5)


Речиси секогаш, јадењата во рестораните кои се состојат од сосови од четри видови сирења се помеѓу најскапите. Без разлика дали се во комбинација со месо, тестенина или зеленчук. Но, вистината е дека овој сос се приготвува многу едноставно и повеќе не морате да плаќате скапо по рестораните за да уживате во неговиот фантастичен вкус.

Со овој рецепт, сосот ќе можете да го приготвите самите. За само неколку минути, ќе го имате мирисот и вкусот на Италија во вашата кујна. Ние, денес го приготвивме со кралицата на здрвјето – брокулата. Пригответе го и уживајте!

СОСТОЈКИ
• 2 чаши хопла за готвење
• ½ чаша путер
• ½ чаша рендан пармезан
• ½  чаша иситнета моцарела
• ½ чаша иситнета горгонѕола
• ½ чаша иситнето проволоне
• 1 цвет брокула
• бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во огноотпорен сад со средна големина, измешајте ја хоплата (доколку немате хопла, можете да направите смеса од млеко и брашно) со путерот. На тивок оган, мешајте дoдека не се растопи путерот. Постепено додавајте ги сирењата (не мора да ги употребите овие сирења, можете да направите друг избор по ваш вкус) едно по едно и мешајте додека не се растопат. Во меѓувреме, на пареа сварете ја брокулата. Доволно е да ја варите само неколку минути, за да остане крцкава. Процедете ја брокулата, прелите ја со сосот, ставете бибер и уживајте.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails