Брускети со јаболка и пршута
Ова предјадење ќе ве освои со едноставноста при подготовката и врвниот вкус при консумацијата. Прекрасната комбинација на крцкаво лепче и свежината на јаболката и пршутата ќе ве однесат во нова димензија на вкусовите. На вас останува да се обидете да го подготвите и да уживате во јадењето.
СОСТОЈКИ
• француско лепче (исечено на подебели парчиња, или пресечено на половина како за сендвичи)
• 350 гр фета (по можност маринирана)
• магданос, ситно исечкан
• неколку тенки парчиња пршута
• 1 јаболко, излупено и тенко исечкано
• 1 голема лажица маслиново масло
• 1 голема лажица оцет балсамикоПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната или скарата. Ставете го лебот во тава за печење и премачкајте ги двете страни од лебот со масло. Потпечете го лебот околу 1 минута, сѐ додека не добие златна боја.Издробете го фета сирењето на мали трошки и додадете го магданосот. Измешајте убаво и потоа наросете на лебот. Потоа, ставете тенко парче пршута и една кришка јаболко. Измешајте ги маслиновото масло и оцетот и попрскајте врз брускетите.
