wordpress counter

Чипс од кељ

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Веројатно до пред неколку години мислевме дека чипс се приготвува само од компири. Но, фантазијата и можноста за правење на чипс се далеку поголеми. Претходно пишувавме за чипс од јаболка. Денес, ќе ве изненадиме со чипс од кељ.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• ½ главица кељ
• маслиново масло
• ½ мала лажица сол
• чили во прав (по желба)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 170℃. Измијте го кељот, а листовите исечкајте ги на мали листови со големина од 4 см. Пред да почнете да го правите чипсот, малите листови кељ треба убавао да се исушат.

Чекор 2: исеканиот кељ потопете го маслиново масло, така што секој лист ќе биде прекриен. Во сад за печење, ставете хартија за печење и рашириете ги листовите по целиот сад. Ставете во рерна и печете 12-15 минути. Внимавајте да не загори.

Чекор 3: извадете го кељот од рерна и посолете го по желба. Ако повеќе сакате чипс со пикантен вкус, тогаш попрскајте и малку чили во прав.

Related Posts with Thumbnails