wordpress counter

Егзотични идеи за палачинки (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овие две статии ги посветивме на еден од омилените десерти насекаде низ светот. Но, преку овие статии сакаме да ви предложиме малку поинакви начини на комбинирање на палачинките. Во првиот дел имавме неколку комбинации: бровинки и банана, портокал, ѓумбир и мед… Денес, продолжуваме со уште неколку интересни комбинации.

Цимет и палента
Наместо само со обично брашно, палачинките може да се приготват и со палента. На тој начин, ќе добиете повкусна палачинка, која може да ја комбинирате со цимет и слатко од капини.

Брусница и јаворов сируп
Сезоната на свежи брусници е кратка, па затоа искористете ја максимално. Една пријатна комбинација од брусници и јаворов сируп ќе направи денот да ви започне одлично.

Боровинки и кора од лимон
Боровинки, кора од лимон и интегрално брашно ќе го претвори декадентниот десерт во здрав појадок. Како за промена, оваа комбинација е одлична.

Рикота сирење и сируп од портокал
Кога ќе додадете рикота на палачниките, знаете дека тие никогаш нема да имаат сув вкус. Ако кон ова додадете и сируп од портокал, имате загарантиран елгантен десерт кој ќе го правите постојано.

Во следниот период очекувајте ги и рецептите за сите овие комбинации за палачинки.

Related Posts with Thumbnails