wordpress counter

Фонду

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Фонду на француски значи нешто што е стопено и веројатно постојат уште малку други специјалитети кои се вкусни како и топеното сирење. Не е потребно многу време за да се подготви, а ќе добиете совршено предјадење за вашиот ручек.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 200 гр кашкавал за топење, Ементалер или најдобро Гриер (ако може да најдете)
• 1 ½ шолја бело вино
• 1 чешне лук
• 3 големи лажици бренди (може и Kirsch)
• 1 голема лажица сок од лимон
• малку бибер
• 2 мали лажици пченкарен скроб

ПОДГОТОВКА
Дното и ѕидовите на садот за подготвка на фонду измачајте ги со чешне лук. Налејте ги виното и сокот од лимон и оставете да зоврие. Потоа, намалете ја температурата. Изрендајте го кашаквалот и измешајте го со скробот во посебен сад. Потоа, земајте грст по грст и ставајте во садот со вино. Бидете сигурни дека кашкавалот се стопил пред да додадете ново количество.

Варете со постојано мешање, сѐ додека смесата не се доближи до вриење. На крајот, додадете ги брендито и биберот. Ако сте добиле редок фонду, тогаш додадете кашаквал или скроб натопен во вино. Ако е премногу густ, тогаш налејте малку топло бело вино.

Сервирајте во истиот сад во кој сте готвеле. Пресечете леб на коцки и со помош на фонду вилушки потопете ги во кашакавалот.

Related Posts with Thumbnails