wordpress counter

Кари сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (22 гласа, просек: 2,00 од 5)


Кари сосот е еден од најпопуларните сосови во повеќе светски кујни. Самото име, на тамилскиот јазик значи сос и значи оброк со зеленчук или месо подготвен со микс од зачини.

Денес ви претставуваме основен рецепт за кари сос. Вие можете, согласно вашата бујна фантазија и креативност, да го надополните.

СОСТОЈКИ (за 300 мл сос – за два главни оброка или неколку споредни оброци)
• 3 големи лажици растително масло
• 1 среден кромид, ситно исечкан
• 4 чешниња лук
• 4 см корен од ѓумбир, излупен и тенко исечкан
• половина мала лажица куркума
• половина мала лажица коријандер
• половина мала лажица ким
• 5 големи лажици доматно пире

ПОДГОТОВКА
Загрејте го маслото и потоа ставете го кромидот да се запржи. Додадете постепено ѓумбир, лук и две зелени чили пиперчиња (по желба). Мешајте 30-тина секунди и намалете го огнот.

Пржете 15-тина минути и внимавајте состојките да не се препржат и да добијат темно кафена боја.

Потоа, додадете ги коријандерот, куркумата и кимот. Гответе уште 5 минути на ниска температура. Ако се плашите да не ви загорат зачините, додадете неколку капки вода.

Потоа, отстранете од оган и оставете малку да се излади. Ставете 120 мл студена вода во блендер и додадете ги сите други состојки. Мешајте на умерена брзина. На крај, додадете го и пирето од домати и повторно измeшaјте со блендерот.

Откако ќе го направите тоа, смесата вратете ја во садот за пржење и гответе уште 20-30 минути на многу ниска температура, односно додека сосот не добие портокалово-кафена боја и текстура како квалитетен кечап.

Related Posts with Thumbnails