wordpress counter

Козјо сирење со ароматични тревки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Ова е еден навистина интересен рецепт за подготовка на предјадење. Интересно е дека откако ќе го подготвите рецептот, потребно е да го оставите сирењето да отстои во маринадата. Најмалку 10 минути, најмногу 2 дена. За да биде особено вкусно, откако ќе го извадите од фрижидер оставете го сирењето на собна температура околу 10 минути пред да го послужите.

СОСТОЈКИ
• 1/3 шолја сецкан свеж босилек
• 1 мала лажица рендана кора од лимон
• 1 голема лажица сок од лимон
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 мали лажици сечкано свежо оригано
• ¼ мала лажица свежо измелен бибер
• 2 чешниња мелен лук
• ¼ мала лажица сол
• 120 гр козјо сирење
• 1 крцкаво француско лепче, исечкано на 15 парчиња

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги првите осум состојки во еден сад. Потоа, рамномерно нанесете ја смесата од тревки врз сирењето. Притиснете нежно за да се залепи и впие од сирењето. Покријте го парчето сирење и ставете го во фрижидер. Чувајте го во фрижидер од 2 часа до 2 дена. Послужете со парчиња леб.

Вино: Бидејќи рецептот е полн со лесни, кисели вкусови, одберете бело вино со поголема киселост за да одговара на овој жив вкус.

Related Posts with Thumbnails