wordpress counter

Кралица на салатите – Cobb салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 3,67 од 5)


Името, оваа салата го добила по нејзиниот изумител, Боб Коб кој е и сопственик на ресторан. За околу 50 минути ќе имате врвен специјалитет во кој ќе можете да уживате со сите сетила.

СОСТОЈКИ
• 8 тенки парчиња сланина
• 3 јајца
• 1 главица зелена салата (најдобро ајсберг)
• 420 гр пилешко месо, исечкано
• 2 домати, без семки и исечкани
• 100 гр сино сирење
• 1 авокадо, излупено и исечкано
• 3 млади кромидчиња, исечкани

ПОДГОТОВКА
Ставете ги јајцата во сад и покријте ги со вода. Ставете ги на оган за да зоврие водата. Откако водата ќе зоврие, тргнете го садот и оставете ги јајцата 10-12 минути да стојат во топлата вода. Потоа, излупете и исечкајте ги на парченца.

Сланината пропржете ја на среден оган и потоа исцедете ја од масло и исечкајте.

Зелената салата поделете ја на листови и наредете ја во посебни чинии (порции) за сервирање. Одозгора наредете пилешко месо, сланина, јајца, домати, сино сирење, авокадо и млад кромид.

Совет: можете да декорирате со вашиот омилен сос за салати.

Related Posts with Thumbnails