wordpress counter

Крем од бакалар

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Еве еден необичен рецепет за необично саботно или неделно попладне. Кремот од сушен бакалар е предјадење кое е дел од медитеранските кујни и одлично се вклопува како за интимен оброк, така и за коктел забави на кои сакате да ги изненадите гостите.

СОСТОЈКИ
• 1 сув бакалар
• 1 главица лук
• 2 чаши млеко
• 1 чаша маслиново масло
• 1 страк магданос
• 1 голема лажица лебни трошки
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Потопете го бакаларот во вода 2-3 дена. Секој ден менувајте ја водата и благо превиткајте ја рибата со вашите раце. Откако ќе набабри, варете го во чиста вода, сѐ додека не омекне.

По варењето, оставете ја рибата да се олади, а потоа отстранете ја кожата, исчистете ја од коски и исечкајте.

Во миксер ставете ги парчињата риба и потоа додадете ги истолчениот лук, млекото, маслиновото масло, лебните трошки и магаданосот. Кратко измиксирајте ја смесата, ставете сол и бибер и уште еднаш промешајте.

Се служи ладно, како намаз на топол и препечен леб.

Related Posts with Thumbnails