wordpress counter

Леб со путер од кикиритки и желе

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова лепче во форма на ролна, направено од тесто и путер од кикиритки и обложен со овошно желе е вистински деликатес. Интересно е дека откако ќе го приготвите лепчето, тоа многу повеќе има вкус на вистински кикиритки, отколку на путерот. За да уживате во ова парче храна ќе ви бидат потребни следниве

СОСТОЈКИ
• 1 јајце, изматено
• 2 шолји и 2 големи лажици (280 гр) брашно за леб
• 2 големи лажици (20 гр) интегрално брашно
• ¾ мала лажица (4 гр) сол
• ¼ мала лажица (1 гр) сув квасец
• 260 гр студена вода
• 3 големи лажици (50 гр) путер од кикиритки
• 70 гр кикиритки, печени и несолени
• 100 гр овошен џем

ПОДГОТОВКА
Откако ќе го изматите јајцето, една лажица од него ставете во друг сад бидејќи ќе ви биде потребна за премачкување на лебот. Во сад со средна големина измешајте ги брашното, солта, квасецот и остатокот од јајцето. Со помош на блендер измешајте ги водата и путерот од кикиритки за да се соединат. Оваа смеса додадете ја на смесата со брашно и мешајте со рака за да добиете лепливо тесто. Додадете ги и кикиртките и промешајте. Покријте го садот и оставете го на собна температура неколку часа (потребно е тестото да се зголеми речиси двојно).

Откако тестото ќе стаса, попрскајте го со брашно. Извадете го од садот и развлечете го за да добие правоаголна форма.

Тестото поставете го да биде надолжно свртено кон вас. Врз тестото намачкајте џем (ние пробавме со џем од боровинки) и оставете ги краевите на тестото (околу 1 см) без да ги премачкате. Превиткајте го од подалечната страна кон центарот (приближно 1/3 од тестото). Потоа намотајте го како ролна. Затворете ги краевите, за да не истече филот за време на печењето.

Тестото ставете го во тава за печење и попрскајте го со малку кршени кикиритки. Покријте го со крпа и оставете го еден час. Околу 45 минути откако сте го оставиле тестото, вклучете ја рерната на 230°С.

Измачкајте го тестото со преостанатата количина од јајцето. Печете го додека не стане кафено-златен (час и 15 минути). Ако киритките се печат побргу, тогаш прекријте го лебот со фолија за време на печењето.

Related Posts with Thumbnails