wordpress counter

Маринирани школки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 4,57 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на морската храна. Целиот рецепт се подготвува за 50 минути, од кои 35 минути е подготовка и 15 минути готвење.

СОСТОЈКИ (4 порции)
• 2.4 кг школки, исчистени и со отстранети влакненца
• 2 чешниња лук, исечкани
• 1 кромид, исчекан
• 20 гр магданос, исечкан
• 1 ловоров лист
• малку мајчина душица
• 500 мл бело вино
• 45 гр путер

ПОДГОТОВКА
Измијте ги школките. Отстранете ги влакненцата со кои секоја школка е поврзана со својата куќичка. Засечете ги во основата со мало ноже.

Измешајте ги кромидот, лукот, магданосот, ловоровиот лист, мајчината душица, виното и 2 големи лажици путер. Ставете на шпорет и варете до вриење. Намалете го огнот и гответе уште 2 минути. Додадете ги школките и покријте го садот.

Варете уште 3-4 минути, односно додека школките не се отворат убаво. Внимавајте да не ги преварите. Остранете ги школките од сосот.

Исцедете ја течноста. Додадете го преостанатиот путер и магданос во садот и варете додека не се стопи путерот. На крај, сосот прелијте го преку школките.

Related Posts with Thumbnails