wordpress counter

Пијани ракчиња

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денес ќе приготвуваме морска храна. Се решивме за пијани ракчиња, не само поради одличниот вкус, туку и поради едноставниот и брз начин на подготовка. Сè што треба да направите е да ги купите следните состојки за 4 порции:

СОСТОЈКИ
• 2 мали шишиња пиво
• 1 шолја вода
• ¼ шолја јаболков оцет
• 2 кромида, исечени на четвртини
• 1 чешне лук, издробено
• 1 голема лажица сос за скара
• 2 ловорови листа
• 1 лимон, исечен на четвртини
• 1 лажица лут сос
• 1 кг ракчиња, излупени и исчистени
• парчиња лимон за гарнирање
• коктел сос за скара за гарнирање
• 3 зрна бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Чекор 1: ставете ги сите состојки, освен ракчињата, во поголем сад за варење. Пуштете го шпоретот на умерен оган и оставете смесата да се почне да зоврива. Доволни се 10-тина минути.

Чекор 2: намалете ја температурата. Додадете ги ракчињата и варете додека не станат светло розови, околу 5 минути. Исцедете ги ракчињата и ставете ги на чинија за сервирање.

Чекор 3: попрскајте ги со коктел сос за скара. Може да ги консумирате и ладни и топли.

.

Коктел сос за скара

СОСТОЈКИ
• ½ шолја сос за скара
• ½ шолја кечап
• сок од 1 лимон
• малку лут сос
• ½ шолја приготвен рен

Измешајте ги убаво сите состојки во мал сад. Оставете да отстои малку во фрижидер. Со овој сос прелијте ги пијаните ракчиња пред сервирање.

Related Posts with Thumbnails