wordpress counter

Потпечен карфиол со ајвар сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Еве еден прекрасен рецепт во кој има една вкусна комбинација од зеленчук, зачини и ајвар. Уште ако ајварот е „МАМА’s“ – тогаш веќе имате специјалитет! Еве што ви е потребно за овој оброк:

СОСТОЈКИ
• 1 карфиол, исечен на четвртинки, потоа на помали парчиња
• ½ шолја маслиново масло
• сол и бибер
• 1 чешне лук, исечкано
• 3 големи лажици „МАМА’s“ благ или лут ајвар
• 1 голема лажица лимонов сок
• 1 голема лажица оцет
• 1 голема лажица магданос, сечкан
• 1/2 голема лажица пињоли

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 220℃. Во сад, измешајте го карфиолот со маслиново масло (оставете 5 лажици настрана), сол и бибер. Распоредете ги парчињата карфиол во сад за печење, каде на дното сте ставиле хартија за печење. Времето на печење да не биде подолго од 45 минути, односно додека карфилот не омекне и не добие златно-кафена боја.

Чекор 2: во меѓувреме, загрејте 5 лажици маслиново масло. Кога ќе биде врело, додадете му лук и пропржете 30-тина секунди. Оставете да се излади 5 минути.

Чекор 3: во блендер, измешајте ги маслото со лукот, ајварот, оцетот и сокот од лимон. Додадете магданос и убаво блендајте. Зачинете го дресингот со сол и бибер.

Чекор 4: наредете го карфиолот во чинија за сервирање. Ставете го сосот и попрскајте со пињоли. Се сервира топло.

Related Posts with Thumbnails