wordpress counter

Ракчиња во зачини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Морската храна, освен што е вкусна, таа е и одличен избор кога станува збор за нашето здравје. Овој пат ви ја сервираме класиката на морската храна – ракчиња, заедно со тревки и зачини.

СОСТОЈКИ (4 порции)
• 24 ракчиња (во оклоп)
• 3 чешниња лук, ситно исечкани
• 3 големи лажици насечкан босилек
• 1 голема лажица ливчиња од мајчина душица
• 2 големи лажици исечкан магдонос
• 1 голема лажица толчен црн бибер
• сок од 1 лимон
• 4 големи лажици маслиново масло
• 8 ловорови листови
• 1/4 шолја сланина (исечкана на мали коцки)

ПОДГОТОВКА
Извадете го оклопот на ракчињата и исчистете ги така што ќе направите мал засек со ноже, со цел да ја отстраните долгата црна вена. Потоа, во длабок сад измешајте ги лукот, тревките и зачините, биберот, сокот од лимон и маслиновото масло. Ракчињата ставете ги во оваа смеса, добро измешајте ги, покријте го садот и оставете го во фрижидер околу 6 часа. На тој начин, ракчињата ќе бидат добро маринирани.

Наредете ги ракчињата на стапче за раженчиња. На секои две ракчиња ставете ливче ловор и малку сланина. Со четкичка поминете ги раженчињата со преостаната маринада. Испечете ги на скара.

Related Posts with Thumbnails