wordpress counter

Рецепт: Како да направите Гранола дома

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Гранолата е јадење кое во последно време е мошне популарно. Не само поради одличниот вкус, туку и поради многуте позитивни ефекти што ги има врз нашето здравје. Иако можете да одберете помеѓу многу гранола производи во нашите продавници, ние ви претставуваме рецепт за домашна гранола.

СОСТОЈКИ
• 4 шолји житарки
• ½ шолја кафен шеќер
• ½ мала лажица сол
• 1 ½ мала лажица цимет
• 1/3 шолја мед
• 1/3 шолја растително масло
• 1 ½ мала лажица ванила
• предлог за овошје: микс од суво грозје, брусница, сушен ананас, сушени јаболка и сушена папаја (одберете според ваш вкус)

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Измешајте ги во голем сад житарките, кафениот шеќер, солта и циметот. Потоа, земете мал сад за пржење и во него ставете ги маслото и медот. Загрејте ја смесата додека не се истопи. Потоа, додадете ванила.

Со оваа смеса прелијте ги житарките и измешајте со помош на дрвена лажица. Обложете ја тавата со хартија за печење и нанесете ја смесата со житарки. Печете околу 20-25 минути или до моментот кога гранолата ќе добие златно-жолта боја (ако сакате помека гранола, тогаш печете помалку).

Откако ќе се излади, извадете ја гранолата со помош на спатула и скршете ја на парчиња. Додадете суво овошје или јаткасти плодови за вкус. Можете да ја складирате во пластичен сад и да ја чувате до една недела.

Related Posts with Thumbnails