wordpress counter

Салата од месо, ракчиња и грејпфрут

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оваа салата е навистина нешто посебно и специјално. Ни доаѓа од далечниот Виетнам, каде овие комбинации на месо, морска храна и овошје се вообичаени. Ви предлагаме необичен рецепт кој ќе го зачини вашиот викенд.

СОСТОЈКИ
• 175 гр мелено свинско или јунешко месо
• 3 големи лажици вода
• 2 големи лажици сок од лимон или лимета
• 30 мл (2 лажици) сос од риба
• 1 чили пиперка, ситно исечкана
• 1 мал кромид, ситно исечкан
• 1 лажица свеж коријандер
• 1 цм свеж корен ѓумбир, ситно исечкан
• 1 мала конзерва месо од ракчиња
• 1 грејпфрут, без кора и исечен на половина

за гарнирање
• зелена салата
• рендан морков

ПОДГОТОВКА
Меленото месо ставете го во вода и варете на умерена температура. Внимавајте да не се превари месото. Во млакото месо, додадете лимонов сок, сос од риба и чили пиперче.

Откако смесата ќе се излади, додадете кромид, ѓумбир, коријандер и месо од ракчиња и внимателно промешајте. На крајот, додадете го и исечениот грејпфрут.

Салатата се сервира во круг од рендан морков и на основа од зелена салата.

Related Posts with Thumbnails