wordpress counter

Салата со спанаќ, боровинки, кромид и лешници

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Полека навлегуваме во едно од најубавите годишни времиња. Период кога се буди целата природа и ни подарува храна во изобилство. Голем број продукти кои може да се комбинираат на безброј начини и да добиете исто толку различни салати. Овој викенд одбравме една посебна комбинација – салата со спанаќ, боровинки, круши, виолетов кромид и лешници.

СОСТОЈКИ

за салата
• 2-3 главици виолетов кромид, ситно исечкан
• 600 гр спанаќ
• 2 круши, излупени и пресечени надолжно на тенки парчиња
• 40 гр суви боровинки
• 85 гр лешници, крупно насечкани

за сос
• ½ голема шолја маслиново масло
• 2 големи лажици оцет балсамико
• 2 мали лажици сенф
• 1 мала лажица шеќер
• 1 мала лажица морска сол
• бибер, свежо измелен

ПОДГОТОВКА
За да го подготвите сосот, потребно е да имате мал сад (тегла) и капак кој добро се затвора. Ги комбинирате маслиновото масло, оцетот, сенфот, шеќерот, солта и биберот. Затворете го убаво садот и добро протресете го. Оставете го на страна.

Во сад со средна големина, ставете го кромидот и прекријте го со студена вода. Оставете да отстои барем 30 минути. Добро исцедете го и ставете го на хартиени крпи или салфетки. Во мал сад измешајте ги боровинките со 2 големи лажици од сосот за салата. Оставете ги да отстојат 20 минути или најдобро до сервирањето на салатата.

На крај, во голем сад ставете ги спанаќот (може и малку да го проварите ако сакате), кромидот и крушите. Сосот протресете го уште еднаш и полијте го врз салатата. Убаво измешајте и потоа попрскајте со боровинки и лешници.

СОВЕТ ПЛУС: сосот може да го подготвите еден ден однапред и да го ставите во фрижидер. Треба да го извадите од фрижидер два часа пред сервирањето. Кромидот и боровинките најдобро е да се подготват 4 часа пред сервирањето.

Related Posts with Thumbnails