wordpress counter

Серијал: Романтични предјадења (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова невообичаено предјадење одлично се комбинира со посебен тип на леб. Токму затоа ви ги предлагаме двата рецепта.

Чаден лосос со мед и бибер

СОСТОЈКИ (за 4 порции)

за леб
• 450 гр брашно
• 225 гр интегрално брашно
• 20 гр сол
• 5 гр прашок за пециво
• 15 гр сода бикарбона
• 165 гр овесни снегулки
• 25 гр мед
• 900 мл матеница
• 50 гр малтодекстрин

за лосос
• 1 кг чаден лосос
• 80 гр мед
• 8 големи лажици сечкан млад кромид (само зелениот дел)

ПОДГОТОВКА

Леб
Загрејте ја рерната на 200℃. Тавата обложете ја со хартија за печење.

Сите состојки (освен медот, малтодекстринот и матеницата) се мешаат во длабок сад. Потоа се додаваат и претходно споменатите три состојки. Притоа, смесата постојано ја мешате со рацете, сѐ додека не добиете влажно тесто.

Со рацете го оформувате тестото, во зависност од тавата за печење. Со остар нож направете крст на средината од лебот. Се пече околу 45 минути. Потоа, се покрива со крпа и се остава да се излади.

Чаден лосос
Лососот се сече по должина, на парчиња со дебелина од 5 мм. Се отстранува кожата. Се сервира на чинија и секоја порција се попрскува со 2 мали лажици мед и малку свежо мелен бибер.

На крај, ставете 1 голема лажица сецкан млад кромид на врвот од јадењето. Сервирајте со две кришки од печеното лепче.

Related Posts with Thumbnails