wordpress counter

Совршен десерт: Манго тарт

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Колачот со манго е рецепт кој ќе ве вивне во светот на врвните готвачи. Рецепт кој лесно се подготвува и кој резултира со постојано облажување на усните. Ако сакате пријатно да ги изненадите гостите или домашните, овој десерт е вистинскиот избор.

СОСТОЈКИ (за 6 порции)

за тесто
• 175 гр брашно
• 75 гр путер, исечкан на коцки
• 1 голема лажица шеќер
• 1 јајце
• малку сол

за фил
• 2 плода манго, излупени и исечкани на коцки
• ванила стапче, исечкано по должина
• сок од 1 зелен лимон
• 2 големи лажици кафеав шеќер
• малку млеко

ПОДГОТОВКА
Во поголем сад измешајте го брашното со малку сол. Потоа додадете го путерот и со помош на раце измешајте го со брашното. Откако ќе го направите тоа, смесата ќе изгледа како лебни трошки. На крајот помешајте ги и шеќерот, жолчката од јајцето и 2-3 големи лажици вода. Замесете ја смесата, за да добиете меко тесто.

Потоа кратко обаработете го тестото на работна маса која е попрскана со брашно. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го половина час. Потоа, со помош на сукало, поминете го тестото и истегнете го за да одговара на садот за печење (формата на колачот ќе зависи од садот кој ќе го употребите).

Загрејте ја рерната на 190°С. Во меѓувреме, отстранете го семето од ванилата и измешајте ја со мангото. Наредете ги коцките манго по средината на тестото, оставајќи простор краевите на тестото да се превиткаат. Исцедете го зелениот лимон одозгора и попрскајте со половина од кафеавиот шеќер.

Превитакјте ги краевите на тестото. Средината на колачот не ја покривајте (како што е прикажано на сликата). Со четкичка поминете го тестото со млеко. Попрскајте го остатокот од кафеавиот шеќер. Печете додека не добие златна боја (околу 30-тина минути).

Сервирајте со сладолед од ванила.

Related Posts with Thumbnails