Тестенини со сос од пржени лешници
Тестенините не би биле толку вкусни доколку не се комбинираат со некаков сос или прелив. Ние денес ви даваме слобода да го одберете видот на тестенини кој го сакате, а ви предлагаме неверојатно вкусен сос од лешници кој ќе ви помогне да направите вистинска вкусна хармонија.
СОСТОЈКИ (за 4-6 порции)
• 150 гр рикота
• 125 мл маслиново масло
• 120 гр мелени, пржени лешници
• 80-100 гр пекорино
• 2 лажици мајоран
• сол и бибер
• тестениниПОДГОТОВКА
Во длабок сад ставете вода. Пред да зоврие, посолете и ставете ги тестенините. Сварете ги „al dente“ и исцедете ги.Ситно изрендајте го пекорино сирењето, додека мајоранот ситно исечкајте го. Рикотата можете кратко да ја измиксирате. Постепено доадавајте маслиново масло во неа и мешајте сѐ додека не добиете кремаста смеса.
Додадете ги и лешниците, пекорино сирењето и мајоранот. Измешајте, посолете и измелете свеж бибер (најдобро зелен). Миксајте кратко, за да може сите состојки да се поврзат.
Сварените тестенини прелијте ги со сосот од лешници и послужете ги веднаш.
Bon Apetit! ●
