wordpress counter

Тиква со портокал и ф’стаци

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој деликатес се подготвува од долгнавеста тиква, која откако ќе ја потпечеме, добива мека лушпа која буквално може да се јаде. Единствено што треба е да ја пресечете и да уживате во неповторливиот вкус. Времето на подготвка е само 30-тина минути.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 млади кромитчиња, исечени на кругчиња
• 1 голема долгнавеста тиква
• 1 мала лажица кора од портокал
• ½ мала лажица сол
•¼ мала лажица бибер
• 2 големи лажици дробени ф’стаци
• 1 чаша сок од портокал

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте маслиново масло во сад за пржење. Вклучете го шпоретот на умерена температура. Додадете ги младите кромитчиња и мешајте додека не омекнат и не добијат кафена боја (околу 2 минути).

Чекор 2: пресечете ја тиквата на половина и отстранете ги семките. Потоа, исечете ја на тенки парчиња (види фотографија). Додадете сол, бибер, сокот и кората од портокал.

Чекор 3: намалете ја температурата, покријте го садот и оставете да се пржи. Промешајте еднаш до два пати. Пржете 6-8 минути, односно додека тиквата не омекне.

Чекор 4: отворете го садот и продолжете со пржење со повремено мешање. За 12-15 минути, течноста треба да испари, а тиквата ќе стане мека и ќе започне да добива златно-кафена боја. Декорирајте со дробени ф’стаци.

Related Posts with Thumbnails