wordpress counter

Кој рано рани…

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


има време добро да се најаде. Овој пат ви предлагаме неколку рецепти за појадок на база на овес. Ќе ве загрее и ќе ве наполни со енергија, како ретко кој друг појадок. На тој начин, вашиот прв оброк ќе биде вистински нутритивен ТНТ.

СЕМКИ ОД СОНЧОГЛЕД И БРУСНИЦА
Измешајте ½ мала шолја овес со една мала лажица семки од сончоглед и мала лажица суви брусници. Потоа, додадете ја смесата во шолја млеко и оставете го преку ноќ во фрижидер. Наутро ќе имате вистинска енергетска бомба.

БАДЕМ И БРУСНИЦИ
Сварете една мала шолја вода. Додадете ¼ мала шолја со зобна каша. Варете уште 25 минути додека не омекне зобот. Потоа, намалете го огнот и варете уште 3 минути со постојано мешање. Потоа, додадете ½ мала шолја млеко, една лажица бадеми, 1/3 мала шолја свежи или замрзнати брусници и една лажица кршени семки од лен.

БАНАНА И ОРЕВ
Во огноотпорен сад, ставете ¼ мала шолја овесни снегулки, ½ мала шолја вода, ½ мала лажица екстракт од ванила, мала лажица цимет и многу малку сол. Смесата ставете ја во микробранова печка во период од 90 секунди. На крајот, прелијте со ¼ мала шолја млеко, додадете насечкана банана и една лажица кршени ореви.

Related Posts with Thumbnails