wordpress counter

Брз колач со мак

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)

vreaudouaportii.ro

Аромата на свежо печени колачи секогаш носи пријатно чувство на топлина во домот. Изненадете ги најблиските со овој совршено вкусен и брз колач со мак направени од новото Жито Лукс брашно за колачи кое има мека и фина структура и лесно нараснува без дополнителни додатоци.

СОСТОЈКИ
● 12 лажици Жито Лукс брашно за колачи
● 3 јајца
● 350 гр шеќер
● 1 ванилин шеќер
● 1 1/2 дл масло
● 2 1/2 дл јогурт
● 100 гр мак
● 2 лажици суво грозје

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете ги јајцата со шеќерот, маслото и јогуртот и потоа додадете го и брашното. Две третини од смесата ставете во сад со хартија за печење. Во остатокот од смесата додадете го макот и сувото грозје и сето распоредете го во садот. Печете 20 минути на 200 степени.

Related Posts with Thumbnails