wordpress counter

Бургери со пилешко месо и салса од ротквица и краставица

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако ви се јаде нешто свежо, со прекрасна саласа од ротквица и краставица и секако месо (каков бургер би бил без месо), тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. За 4 порции ќе ви бидат потребни следниве:

СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица маслиново масло
• 20 гр путер
• 4 пилешки стека
• 4 лепчиња за бургер
• мајонез
• 4 листови зелена салата
• лебни трошки
• 2 јајца

салса од ротквици и краставици
• неколку ротквици, излупени и исечкани на тенки кругови
• 1 краставица, исечкана на тенки кругови
• 2 големи лажици кисела павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: најпрвин направете ја салсата. Измешајте ги ротквиците, краставиците и киселата павлака во еден сад. Покријте го садот и оставете го во фрижидер.

Чекор 2: во сад за пржење загрејте масло и путер. Стековите намачкајте ги со матено јајце, извалкајте ги во лебни трошки и испржете ги.

Чекор 3: потпечете ги малку лепчињата за бургер. Намачкајте со мајонез, ставете лист зелена салата, потоа шницла и на крај една лажица салса.

Related Posts with Thumbnails