wordpress counter

Две салати за добар апетит

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со доаѓањето на пролетта, сите започнуваме да внимаваме на нашата исхрана. Наједноставен начин е да консумираме лесна храна, односно повеќе салати во кои има зеленчук и мешунки. Затоа, ви предлагаме две неверојатно вкусни салати за претстојниот викенд.

Салата со туна и црвен грав

СОСТОЈКИ
• 2 конзерви туна во парченца
• 4 кисели краставички
• 300 гр црвен грав, сварен
• 1 чешне лук
• половина кромид
• 4 лажици маслиново масло
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Туната треба да се исцеди од масло. Краставичките, лукот и кромидот се сечкаат ситно и се мешаат со туната и црвениот грав. Се става сол, бибер, маслиново масло, а по желба и лимонов сок.

Англиска салата

СОСТОЈКИ
• 0.5 кг компири
• целер
• 1 јајце
• 1 кисело јаболко
• масло
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Сварете ги компирот, јајцето и целерот. Потоа, излупете ги и исечкајте на ситни коцкички. Се мешаат заедно со излупеното и изрендано јаболко. Се додава сол, бибер и масло. Се сервира во чинија за салата. По желба, може да гарнирате со половинки лимон или да додадете оцет.

Related Posts with Thumbnails