wordpress counter

Француски топли сендвичи

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова јадење може да го подготвите и како предјадење и како мала ужинка или лесна вечера. Сѐ што ви е потребно се неколку состојки и добра волја за готвење.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 4 јајца
• 50 мл млеко
• 2 лажици масло
• 8 тенки парчиња леб
• 50 гр рендан кашкавал
• 50 гр шунка
• 50 гр врат
• 60 гр горгонзола

за бешамел сос
• 10 гр путер
• 10 гр брашно
• 200 мл млеко
• сол и бибер
• малку изрендано мускатно оревче

ПОДГОТОВКА
Во мал сад, растопете го путерот. Додадете брашно и постојано мешајте околу 2 минути, додека малку не потемни брашното. Налејте 200 мл ладно млеко и добро измешајте со жица за да се иситнат сите топчиња брашно.  Додадете малку сол, бибер и мускатно оревче и полека мешајте додека бешамелот не згусне. Потоа, тргнете го од оган.

Во пластичен сад, ставете 2 јајца и добро изматете ги. Додадете сол, 50 мл млеко и добро измешајте. Загрејете масло во тефлонски сад и малку пропржете ги лепчињата кои претходно сте ги навлажниле во смесата од јајца и млеко. Лебот пржете го додека не добие златно-жолта боја и потоа ставете го на хартиени салфетки за да се впие вишокот маснотии.

Намачкајте 4 парчиња леб со бешамел сос, ставете половина од ренданиот кашаквал и прекријте со тенки прачиња шунка и врат, на кои ќе ставите малку бешамел и преклопете со по уште едно парче леб. Потоа, премачкајте од горната страна со бешамел и рендан кашаквал. Наредете во сад за печење и печете на температура од 210℃, 10 минути.

Додека сендвичите се печат, испржете две јајца, а горгонзолата разделете ја на помали парченца.

Два од сендвичите посипете ги со горгонзола, додека другите два со јајце на око. Вратете во рерна и печете уште 2 минути. Се сервираат со шери домати.

Related Posts with Thumbnails