wordpress counter

Како да ја искористите преостаната храна?

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Често пати се случува да ни остане храна од оброците. Додека за постарите генерации, јадењето на преостаната храна наредниот ден е сосема нормална работа, помладите се решаваат да се ослободат од неа. Меѓутоа, од остатоците може да се направат навистина вкусни јадења. Затоа, денес ви предлагаме рецепт со кој ќе ја искористите вчерашната пица (ако воопшто останало нешто од неа).

Остатоци од пица

СОСТОЈКИ
• oстатоци од пица (исечете ги на триаголничиња)
• 4 јајца
• 1 голем кромид, ситно исечкан
• 2 зелени чили пиперчиња
• ½ шолја кисела павлака
• масло за готвење
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Наредете ги парчињата пица на хартија за печење. Печете на умерена температура, сѐ додека не станат крцкави. Во сад за пржење, ставете малку масло и пропржете ги пиперчињата околу 2 минути (ако немате свежи, употребете сушени).

Зголемете ја температурата и во садот за пржење додадете го кромидот. Изматете ги јајцата со половина од павлаката и додадете сол и бибер. Додадете ги парчињата пица и смесата со павлака во садот за пржење. Пржете кратко, или според вашиот вкус.

Пред сервирање, парчињата пица декорирајте ги со кисела павлака.

Related Posts with Thumbnails