wordpress counter

Како да направите совршени њоки?

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Њоките се приготвуваат на апенинските трпези повеќе од 2.000 години, но сепак, за голем дел од луѓето тие и натаму се непознаница.

Особено делот дека вкусни њоки може да направите и во домашни услови и за тоа не мора да бидете голем мајстор.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1.5 кг печени компири со се кората
• 250 гр брашно
• 125 гр пармезан
• 1 ½ мала лажица мускатно оревче

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Чекор 1: испечете ги компирите со кората и оставете ги да се изладат неколку часа (може и во фрижидер).

Потоа, излупете ги и исечкајте ги компирите. Со помош на алатка за пире, издробете ги парчињата печен компир.

Чекор 2: со миксер, измешајте ги брашното, пармезанот и мускатното оревче. Зачинете со сол и бибер по вкус. Полека додавајте ги компирите и мешајте уште 5 минути.

Чекор 3: од смесата обликувајте топчиња со големина на дланка. Внимавајте во смесата да не остане воздух. Секое од топчињата измесете го во долгнавеста форма и со помош на нож направете парчиња тесто со должина од 2.5 см. Њоките ставете ги во вода која врие и извадете ги кога првите парчиња ќе почнат да се издигнуваат на површината на водата.

Сервирајте со прилог по желба.

Наш предлог: доматен сос или песто.

Совет: компирите од кои ќе ги правите њоките мора да бидат студени, инаку ќе се раздробат.

Related Posts with Thumbnails