wordpress counter

Калориите на минимум – Пикадиљо

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


КАЛОРИИТЕ НА МИНИМУМ - ПИКАДИЉОЗаканата од екстра килограми, сега може да сметаме за мината. Погледнете како внимавањето на изгледот може да биде забавно и вкусно!

Со оваа верзија на пикадиљо, ќе ја збогатите и разубавите ниско-калоричната трпеза. Најчеста основа за ова јадење е говедското месо, кое се комбинира со разни додатоци. Со лесната и брза подготовка на пикадиљо, ќе уживате во вкусот на Латинска Америка и нема да се грижите за телесната тежина, бидејќи во него калориите се сведени на минимум. Пикадиљото послужете го со солени палачинки или со било кој диетален леб. Доколку лебот не е опција, може да комбинирате со варен зеленчук. [МАЈА БАЛША]

ЕНЕРГЕТСКА ВРЕДНОСТ (од порција)
• Калории: 313
• Вкупно маснотии: 13 гр
• Заситени маснотии: 3 гр
• Холестерол: 70 мг
• Натриум: 558 мг
• Вкупно јаглехидрати: 25 гр
• Диетални влакна: /
• Шеќери: /
• Протеини: 26 гр

СОСТОЈКИ
• 2 јајца
• 500 гр мелено говедско месо или мелени мисиркини гради
• 2 кафени лажици маслиново масло
• 1 средно голем кромид, сечкан
• ½ филџан дробен млад кромид
• 3 главици лук, толчен
• 4 кафени лажички чили во прав
• 1 кафена лажица оригано
• ½ лажица ким
• цимет
• малку црвен пипер
• ½ филџан суво грозје
• ½ филџан сечкани зелени маслинки
• 2 супени лажици доматно пире
• 1 филџан вода
• ½ супена лажица свеж мелен црн бибер

ПОДГОТОВКА
Јајцата сварете ги, а потоа излупете ги и сечкајте ги. Месото гответе го на тавче што не лепи, сè додека ја изгуби розовата боја, околу 5 минути. Потоа ставете го на цедалка, да се исцедат маснотиите. Додадете масло во тавчето и ставете го кромидот, младиот кромид и лукот, и гответе ги на средна температура, сè додека да омекнат. Додадете го чилито, ориганото, кимот, циметот и црвениот пипер, и продолжете да готвите со постојано мешање. Потоа додадете суво грозје, маслинки, доматно пире, вода и претходно подготвеното месо. Намалете ја температурата, покријте го тавчето и продолжете да готвите, со повремено мешање, околу 10 минути. На крајот зачинете со црн бибер.

Related Posts with Thumbnails