wordpress counter

Кари крем супа од млад грашок

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денеска ви предлагаме еден навистина вкусен рецепт. Станува збор за крем супа од млад грашок. Се подготвува за 30-тина минути и е одличен начин да се започне ручекот.

СОСТОЈКИ
• 250 гр млад грашок
• 3 лажици маслиново масло
• ½ мала лажица кари
• ½ мала лажица изрендан свеж ѓумбир
• 1 кромид
• 1 чешне лук
• 100 мл павлака за готвење
• 60 мл кокосово млеко
• малку вода
• неколку листови рукола

ПОДГОТОВКА
Исечкајте го ситно кромидот, а лукот издробете го. Кратко варете го грашокот (околу 5 минути) во многу солена вода. Само ако е многу солена, грашокот ќе ја задржи неговата прекрасна зелена боја. Потоа, исцедете го грашокот и измијте го под млаз студена вода.

Загрејте го маслиновото масло, па додајте кари и потоа исечканиот кромид. Пржете неколку минути и додадете го лукот. Пржете додека лукот не пушти мирис.

Додадете 200 гр грашок (остатокот од 50 гр сочувајте го за декорација) и динстајте неколку минути, за да се поврзат сите продукти. Следно што треба да додадете е павлаката и кокосовото млеко. Проварете неколку минути и потоа отстранете го садот од оган. Додадете ½ лажица ѓумбир и добро измиксирајте. Ставете сол доколку е потребно. Ако ви се чини дека супата е прегуста, тогаш додадете вода.

Измиксираната супа вратете ја на шпоретот неколку минути и пред да ја сервирате оставете ја малку да отстои, за да ги пушти сите мириси.

Се служи во мал сад за супа со неколку капки маслиново масло и листови рукола.

Related Posts with Thumbnails