Ладна салата од краставица
Во една од претходните статии наведовме дека краставицата спаѓа во групата на најздрави продукти. Краставицата најчесто се консумира во топлите денови и се јаде свежа и ладна. Затоа, денес ви предлагаме да подготвите ладна салата од краставица, која е готова за само 5 минути.
СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1 краставица
• 1 домат или 1 црвена бабура
• 1 помал виолетов кромидза медитерански сос
• 2 големи лажици маслиново масло
• 2 мали лажици сок од лимон
• 1 чешне лук
• сол и бибер по желба
• 1 мала лажица сушен копарПОДГОТОВКА
Исечкајте го кромидот, иситнете го лукот и оставете да отстојат 5 минути.Пресечете ја краставицата по должина. Отстранете ги врвовите и издлабете го делот со семки. Исечете ја на кришки со дебелина од 6-7 мм.
Ако користите домат, исечете го на коцки, а ако употребите бабура, тогаш пресечете ја на кришки или тенки ленти.
Во сад за салата, измешајте ги кромидот, лукот, краставицата и доматот или бабурата. Прелијте со сок од лимон, лук и маслиново масло. Ставете сол и бибер по желба. На крај, наросете со копар.
Ако сакате посладок вкус, лимоновиот сок заменете го со оцет балсамико. По желба, можете да додадете авокадо или инчуни.
