wordpress counter

Леб со лук и сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (10 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова јадење може да се послужи како гарнир или како топло предјадење пред некој убав ручек. Станува збор за вкусно лепче со многу топено сирење одозгора, лук и зачини.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• ¼ шолја рендан пармезан
• ¼ шолја лук и сирење со зачини
• ½ шолја моцарела, дробена
• 1 млад кромид, ситно исечкан
• 1 голема лажица мајонез
• 4 парчиња леб по ваш избор

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 220℃. На дното на садот за печење ставете алуминиумска фолија. Сите состојки освен лебот измешајте ги во еден сад (оваа смеса може да ја направите и неколку часа порано и да ја чувате во фрижидер).

Чекор 2: ставете ги парчињата леб врз фолијата во садот за печење. Печете 5 минути. Потоа, нанесете ја смесата од сирење, вратете ги лепчињата во рерна и печете уште 5 минути.

Чекор 3: исклучете ја рерната и оставете ги лепчињата внатре уште 2-3 минути, за да може целото сирење да се стопи. Сепак, внимавајте затоа што лесно може да изгорат.

Оставете ги 2-3 минути да се изладат и сервирајте.

Совет: ако не можете да најдете сирење со зачини, употребете обично сирење и додадете зачини по ваш вкус.

Related Posts with Thumbnails