wordpress counter

Маринирани шампињони

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Шампињоните се една од највкусните состојки при подготовка на јадењата. Од нив може да се прават предјадења, главни јадења или да бидат прилог кон јадењата. Денес ви предлагаме рецепт за маринирани шампињони.

СОСТОЈКИ
• 120 мл маслиново масло
• 3 големи лажици сок од лимон
• 400 гр шампињони
• половина суво чили пиперче
• 1 мала лажица мајчина душица
• половина мала лажица оригано
• половина мала лажица рузмарин
• 1 мала лажица коријандер во зрно
• 3 чешниња лук
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Во малку подлабок сад за пржење загрејте маслиново масло. Потоа, додадете ги шампињоните (ако се големи, пресечете ги на половина), лимоновиот сок, зачините, чили пиперчето и ситно исечканиот лук. Пржете сѐ додека шампињоните не омекнат, односно околу 15 минути. Ако е потребно, додадете и малку вода.

Откако ќе се пропржат, преместете ги во сад во кој ќе ги додадете и зачините и маслиновото масло во кое се пржеа шампињоните. Прекријте го садот со фолија и оставете го да отстои околу 2 часа во фрижидер.

Се служи студено, како прилог кон главното јадење.

Related Posts with Thumbnails