wordpress counter

Новогодишно мени – Предјадење: Макарони салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Макарони салата

Најпогодно време за ваква вкусна и богата салата е вечерата за Нова Година. Ова предјадење нема да  дозволи премногу да ве фати алкохолот, а притоа ќе уживате во неговиот разновиден вкус.

И кога ќе го послужите на новогодишната трпеза, ќе изгледа свечено и богато. Послужете ја оваа салата со домашни кифлички и веќе сте им исполниле дел од новогодишните желби на вашите најблиски.

СОСТОЈКИ
• 400 гр макарони
• 100 гр корнишони
• 50 гр слатка пченка
• 2 кесички мајонез
• 1 кисела павлака
• 100 гр кашкавал едамер
• 150 гр конзервирани шампињони
• 100 гр телешко месо (или друго месо по ваша желба, може и туна)
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Потоа, процедете и оставете ги да се изладат.

Во меѓувреме, исечкајте ги на ситни коцки корнишоните, кашкавалот, шампињоните и месото. Во поголем сад ставете ги макароните и измешајте ги со корнишоните, пченката, мајонезот, павлаката, кашкавалот, шампињоните и месото.

Зачинете со сол и бибер. Декорирајте ја салатата со маслинки и магдонос.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails