wordpress counter

Овесни снегулки со јаболка

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е како измислен за убав почеток на денот. Лесна храна, која ќе ви даде доволно енергија за да си ги завршите своите обврски пред времето за ручек. Подготовката – полесна и поедноставна не може да биде. Може да го искористите и како десерт.

СОСТОЈКИ
• 100 гр овесни снегулки
• 750 мл овесно млеко
• 2 јаболка
• 1 лажица путер од лешник

ПОДГОТОВКА
Сварете ги овесните снегулки во топло млеко. Потоа, излупете ги јаболката и исечете ги на кришки. Додаете ги излупените парчиња јаболка во снегулките и млекото. Варете уште 5-10 минути со постојано мешање.

При крај на варењето, додадете го и путерот од лешник. Измешајте убаво и сервирајте.

Се сервира во чинија и може да се консумира и топло и студено. Ако сакате да декорирате, употребете јаворов сируп и мелени лешници.

Совет: сомелете ги крупните овесни снегулки за полесно да омекнат.

Related Posts with Thumbnails