wordpress counter

Салата од туна и грав

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 4,67 од 5)


Денешниот рецепт е посветен на салатите. Станува збор за вкусна салата од туна и грав, која може да биде предјадење на некој убав медитерански ручек.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 200 гр туна во конзерва, во сопствен сос
• 220 гр грав во конзерва во вода
• 1 виолетов кромид, исечкан на тенки кругови
• 1 чешне лук, изгмечено
• 1 јаболко, излупено и исечкано
• 1 пиперка, исчистена и стино исечкана
• 1 лажица ситно сечкан магданос

за сос
• 3 лажици јогурт со мала масленост
• 2 мали лажици мешавина од мед и сенф
• 1 лажица маслиново масло
• 2 лажици сок од лимон
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Помешајте си сите состојки за сосот во еден сад, за да се добие хомогена смеса.

Во меѓувреме, гравот и туната ставете ги во подлабок сад за салата и сосот прелијте го одозгора.

Салата оставете ја во фрижисер околу 1 час, за да се развијат целосно сите вкусови.

Варијација: oваа салата, наместо со грав, туна и јаболко, можете да ја направите и со пилешко месо, леблебија и круши. Направете комбинација од 300 гр пилешко месо, 200 гр леблебија и 1 круша. Другите состојки остануваа исти.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails