wordpress counter

Салата во 7 слоеви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Решив да ве намамам со еден класичен рецепт, кој се разбира има неброени варијации насекаде во светот. Инаку е класика, бидејќи во секој аспект ги заслужува епитетите кои една салата ги има: свежо, здраво, вкусно, шарено и единствено. Освен тоа, оваа салата има и една посебна особина, а тоа е нејзиниот визуелен изглед, кој не може а да не привлече сечие внимание. За да го постигнете тоа, ќе ви треба еден длабок стаклен или пластичен сад, но внимавајте да биде проѕирен.

Земете ги состојките и почнете со креативното уживање. Слој по слој, по желба, боја наспроти боја, вкус во вкус и обратно…

СОСТОЈКИ
• 100 г сечкани зелени пиперки
• 100 г домати, сечкани на коцки
• 100 г сечкан кромид
• 450 г шунка, сечкана на коцки
• 300 г смрзнат грашок
• 100 г мајонез
• 100 г рендан кашкавал

ПОДГОТОВКА
Во проѕирен сад почнете да ги редите состојките. Наредете ги пиперките, врз нив доматите, па кромидот и шунката и на крајот грашокот. Мајонезот растурете го целосно врз грашокот, така што целосно ќе ја покриете површината на садот и ќе ги затворите рабовите на садот. На крајот растурете го ренданиот кашкавал одозгора.

И еве, погледнете го вашето ремек дело… поставете го на средина на масата и само почекајте да ве запрашаат сите: „А, што е ова???“ Бидете слободни, земете си што имате дома, што обожувате да јадете и направете нова салата, поубава, полесна или повкусна. На здравје! [МАЈА БАЛША]

Related Posts with Thumbnails