wordpress counter

Сендвич со пилешко месо, печена пиперка и песто

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на еден превкусен сендвич, кој може да се направи за неверојатно кратко време. Доколку не ви се готви, а сакате да јадете нешто убаво приготвено во домашни услови, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас.

СОСТОЈКИ (за 4 сендвичи)
• 1-2 големи лажици оцет балсамико
• 2-3 мали лажици сушени зачини (оригано, рузмарин, мајчина душица, ловоров лист)
• 1-2 големи лажици сенф
• 1-2 мали лажици лук или кормид во прав
• ¼ шолја маслиново масло
• сол и бибер
• 4 парчиња пилешко месо
песто сос
• 4 печени пиперки
• 8 парчиња леб

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете ги оцетот, сенфот, зачините, маслото и правот од кромид во еден пластичен сад. Затворете го садот и промешајте, за да се поврзат состојките. Отворете го садот и во него ставете ги парчињата пилешко месо. Повторно затворете го садот и промешајте. Оставете малку да отстои.

Загрејте масло во сад за пржење, или доколку сте во можност испечете го пилешкото месо на скара. Можете и да го испечете во рерна, на температура од 190℃ околу 15 минути.

Секоја од страните на лепчињата намачкајте ги со по една лажица песто. Ставете парче пилешко месо и врз него печена пиперка. Затворете со другото парче леб.

Related Posts with Thumbnails