Сендвич „Тиквичка“
Сендвичите се секогаш вкусен избор за јадење. Постојат безброј интересни комбинации во кои може да ја развиете вашата креативност и имагинација. Денес, ние ви предлагаме сендвич „тиквичка“.
СОСТОЈКИ
• 1 поголема тиквица
• 10 парчиња шунка
• 5 парчиња кашкавал
• 2 јајца
• 2 лажици брашно
• лебни трошкиПОДГОТОВКА
Излупете ја тиквицата и исечете ја на кругови со дебелина од 3 мм. Сендвичите направете ги така што најнапред ќе ставите круг тиквица, потоа шунка, кашаквал, повторно шунка и на крај затворете со уште еден круг тиквица.Изматете ги јајцата и додадете брашно. Сендвичите натопете ги во оваа смеса и потоа во лебни трошки. Пржете во масло додека не добијат златно-кафена боја.
Сервирајте ги топли, со мајонез, павлака или тартар сос.
