wordpress counter

Серијал рецепти без готвење: Салата со ракчиња, пченка и домати

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Започнуваме со еден навистина интересен и потребен серијал. Серијал во кој ќе презентираме рецепти за кои не е потребно готвење. И покрај тоа што нема готвење, вкусот е фантастичен, а како плус ефект е заштедата на време кое и онака го немаме.

СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица кора од лимон
• 5 големи лажици сок од лимон
• 1 голема лажица маслиново масло
• 1 мала лажица мед
• ½ мала лажица сенф
• ¼ мала лажица сол
• 1/8 мала лажица бибер
• 1 шолја пченка
• неколку ситно исечкани листови босилек
• 1 бабура, ситно исечкана
• 2 големи лажици ситно исечкан виолетов кромид
• 500 гр ракчиња, исчистени
• 8 тркалца домат
• 2 шолји мали домати

ПОДГОТОВКА
Искомбинирајте ја кората од лимон со 3 лажици сок од лимон и следните 5 состојки во голем сад. Добро измешајте и додадете ги преостанатите 2 лажици од сокот од лимон, пченката и следните 4 состојки. Повторно измешјате.

Аранжирајте ги 4-те чинии со по две тркалца домат и ¼ шолја мали домати. Попрскајте со малку сок од лимон. Потоа ставете од салатата со пченка и ракчиња.

Совет: се комбинира со супа од краставици или потпечен леб. Бел Ризлинг ќе го направи вкусот неповторлив.

Related Posts with Thumbnails