wordpress counter

Серијал: Романтични предјадења (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој серијал го посветуваме на сите вљубени. Во неколку продолженија, ќе ви претставиме рецепти за романтични предјадења кои можете да ги подготвите за вашиот партнер. Започнуваме со:

Печурки со коријандер и ловоров лист

СОСТОЈКИ
• 175 гр печурки
• сок од 1 лимон
• маслиново масло
• 1 мала лажица семки од коријандер
• 2 ливчиња ловор
• 3 големи домати (без лушпа и семки)

ПОДГОТОВКА
Премачкајте ги печурките со свежо исцеден сок од лимон. Во тава за пржење, загрејте масло на тивок оган. Додадете ги семките коријандер во тавата и пржете ги неколку секунди. Внимавајте, бидејќи коријандерот лесно загорува.

Додадете ги и печурките и ловоровите ливчиња и попрскајте со сол и бибер. Зголемете ја температурата и пржете околу 1 минута. Потоа, затворете ја тавата со поклопец и пржете уште 2-5 минути. На крајот, додадете ги и доматите.

Сервирајте ги печурките во чинија и полијте ги со сокот од готвењето. Попрскајте со маслиново масло и сок од лимон. Се сервира и топло и студено.

Related Posts with Thumbnails