wordpress counter

Шпагети карбонара за 10 минути

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 4,20 од 5)


Знаеме дека Италијанците се мајстори за јадења кои не бараат премногу состојки и кои брзо и едноставно се приготвуваат. И покрај тоа, кога ќе го вкусите оброкот, се чувствувате како да јадете гастрономско ремек дело. Еден таков оброк се шпагетите карбонара.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 250 гр шпагети
• 150 гр сланина или пршута
• 2 лажици путер
• 250 мл кокошкина супа
• бибер
• 4 жолчки
• 3 лажици павлака за готвење
• 100 гр рендан пармезан
• 1 главица кромид

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: шпагетите сварете ги „ал денте“. Во меѓувреме, во тава на малку масло, пропржете ја сланината со малку кромид. Додадете путер и пржете додека кромидот не пожолти, а сланината не стане крцкава.

Чекор 2: исцедете ги шпагетите и додадете ги во тавата со сланина и кромид. Засилете го огнот и ставете ги супата од кокошка и бибер. Оставете да се вари.

Чекор 3: во мал сад, измешајте ги жолчките и павлаката. Кога течноста од тавата ќе испари, тргнете ја од оган и додадете ја смесата од жолчки и павлака. Мешајте сѐ додека не се згусне сосот. Попрскајте со рендан пармезан и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails