Швајцарска салата со сирење
Оваа салата е вкусно предјадење кое ќе го отвори апетитот на сите домашни. Не бара многу време за приготвување, а резултатот е вкусен оброк за сите.
СОСТОЈКИ
● 300 гр бело сирење
● 250 гр колбаси
● 250 гр варена шунка
● црвена пиперка
● 3 краставици
● 2 мали кромиди
● 2 големи лажици оцет
● 4 големи лажици маслиново масло
● 1 мала лажица сенф
● 3 големи лажици босилек
● 3 големи лажици магданос
● сол и биберПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во чинија за салата, ставете го сирењето исечено на коцки, а колбасот на тенки кругчиња. Пред да ја наредите шунката, иситнете ја на мали парчиња, а потоа додадете ги исечканата црвена пиперка, краставици сечкани на стапчиња и прстени кромид.Чекор 2: изматете го оцетот со малку сол и масло, додадете сенф, бибер и зачини и целиот сос прелијте го преку салатата. Полека промешајте ги сите состојки и потоа оставете ја салатата да отстои 10-тина минути пред да ја послужите. Декорирајте со чили и магданос.
